Реклама

Горан Пандев и по седми пат негативен на Ковид-19, веќе има закажано лет за Скопје

Goran Pandev

Нашиот најдобар фудбалер и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, денеска по седми пат е негативен на Ковид-19. Пандев за утре има закажан лет за доаѓање во Скопје. Тој во текот на вечерта треба да се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски и да биде дел од натпреварот против Косово на 8 октомври на нашиот најголем стадион во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Инаку за пристигнувањето на Горан Панден владее тотална неизвесност. Иако и по седми пат е негативен, тој сепак има решение за изолација од властите во Џенова, затоа што во Џенова е хаос. Пандев е еден од малкумината кои одолеаја на Ковид-19 и останаа негативни на сите тестирања.

Agria

Но и доколку Пандев пристигне во Скопје, повторно ќе биде тестиран, како и сите репрезентативци и членови на стручниот штаб.

Инаку веќе е познато дека нашиот фудбалер Елиф Елмас, со сигурност нема да настапи против репрезентацијата на Косово, како и на двата останати натпревари од Лигата на нации, откако беше позтивен на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13500/video-finishira-sanaczijata-na-svlechishtetot-na-juzhniot-vlez-na-veles/