Реклама

Две лица починаа во тешка сообраќајна несреќа блиску Превалец, Виница

stop policija

Одново сообраќајна несреќа со смртни последици. Две лица загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајка што се случи вчера 10 минути по полноќ на магистралниот пат А3, на делница од Штип до Виничка крстосница.

Zito akcija 640x289px

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од с.Истибања, виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од с.Г.Подлог, кочанско.

Agria

Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., , а во Општата болница Кочани била констатирана смрт, додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13520/timot-na-borecz-so-ostra-reakczija-za-vcherashnoto-sudene-na-natprevarot-so-shkupi/