Реклама

ВИДЕО: Казна за кафе бар поради забава и непочитување на протоколите

Pazaren inspektorat

Непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот, утврди Пазарниот инспекторат во локалот „Гнездо“ лоциран на улица Македонија.

Zito akcija 640x289px

Гостите до доцна во вечерта се забавуваа во угостителскиот објект, без да обрнат внимание дали има дистанца меѓу нив. Никој, освен персоналот кој е вработен, не носеше заштитни маски. Гласната музика, траеше речиси до крајот на работното време. Ваквото однесување доаѓа во време кога два дена по ред во Македонија се бележат и по 243 новозаболени во еден ден.

Agria

„Направен е записник за непочитување на протоколи, а тоа си носи мерки по член 205 и 206 од Кривичен законик“, вели Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Извор: libertas

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13528/dve-licza-pochinaa-vo-teshka-soobrakajna-nesreka-blisku-prevalecz-vinicza/