Стојко Пауновски директорот на државниот пазарен инспекторат најави најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, против угостителски објекти во Скопје, Струмица и Тетово инспекторите на државниот пазарен инспекторат синоќа утврдија прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, вели Стојко Пауновски.
„Влеговме во ресторанот Мирко 919 каде се правеше свадба, во ресторанот Буши, имаше свадба и во Чаир, преполни беа сите со гости. Во Тетово на пример, ги прават свадбите во ресторани кои се малку затскриени, но ете одиме и прондесуваме и кривични пријави и прекршочни, но очигледно тие гајле немаат. Во Струга, пак, ресторанот „Престиж“ е на два кат. И горе и долу имаше две свадби со над 150 луѓе, кои секако бидејќи си дошле на свадба не ги почитуваат протоколите. Како да се носи маска на свадба?“, вели директорот Стојко Пауновски.
Тој наброја и неколку примери за непочитување на мерките каде што рече дека и покрај тоа што инспекторите синоќа во скопски локал го предупредиле газдата дека треба да ги размести масите и тој пред нив го направил тоа, откако тие си заминале таму повторно имало по седум осум лица на маса. Потоа ја известиле и полицијата при што истата интервенирала, а против локалот државниот пазарен инспекторат ќе поднесе кривична пријава.
Дваесет инспекциски екипи вчера вршеле контроли низ целата држава и како што вели Пауновски, некаде се почитуваат протоколите, некаде има мали отстапувања и тие случаи поминуваат и со опомени.
Можеби ќе ве интересира: