Реклама

Еден позитивен случај на Ковид 19 во Велес

veles

Одново висока бројка на новозаразени. Министерството за здравство регистрира 191 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа.

Zito akcija 640x289px

Најмногу повторно во Скопје 96, а од градовите со двоцифрена бројка се и Кочани и Тетово со 15 и Прилеп со 13. Во Велес има еден новозаразен од коронавирус. Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје 96- Куманово 4- Штип 5- Прилеп 13- Тетово 15- Велес 1- Битола 3- Кавадарци 1- Гостивар 4- Гевгелија 4- Струмица 5- Крива Паланка 2- Радовиш 2- Кочани 15- Пехчево 1- Берово 4- Валандово 2- Виница 5- Делчево 2- Свети Николе 2- Кичево 2- Ресен 2- Неготино 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти, во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13538/golem-broj-na-svadbeni-veselbi-zatekna-sinoka-drzhavniot-pazaren-inspektorat/