Нема проблеми само Македонија, со големи маки се соочува и репрезентацијата на Косово

Kosovo reprezentACIJA

Покрај проблемите на репрезентацијата на Македонија, која има голем проблем со неиграњето на Елиф Елмас кој е позитивен на Ковид 19, а под знак прашалник е дали и Горан Пандев ќе настапи, со големи проблеми се соочува и репрезентацијата на Косово.

Zito akcija 640x289px

Имено, пред историскиот натпревар против нашата репрезентација, поради повреда отпадна играчот на германски Вердер, Милиот Рашица. Веројатно ќе го нема ни голманот Самир Ујкани, а најновите информации велат дека Косово во Скопје доаѓа и без својот капитен Амир Рахмани од Наполи, поради познатата ситуацијата со коронавирусот во екипата на Наполи.

Agria

Нема да игра и Валон Бериша од Ремс, а настапот на Ведат Муричи, иако е на списокот е под голем знак прашалник. Тој и наматаму се жали на болки во пределот на мускулот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13553/kakvi-povredi-imaat-motordhiite-koi-popladnevo-se-sudrija-na-srmaale/