И дефинитивно, како што дознава порталот СПОРТМЕДИА, Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер, нашиот капитен, ќе игра со Косово во четврток.
Имено по многу натегања, молби и ургенции, локалната власт на Џенова му дозволи на капитенот на истоимениот клуб да го напушти градот и да полета за Македонија со цел да го облече дресот на нашата репрезентација на историскиот меч со Косово.
На Пандев кон Македонија друштво му прави Илија Несторовски, исто така еден од нашите најдобри репрезентативци. Нивното доаѓање во Скопје се очекува вечерва во доцните часови, или нешто после полноќ.
Веднаш и двајцата ќе бидат тестирани во хотелот каде што е сместена нашата репрезентација. Нешто што е вообичаено, нешто што беше и на претходниот собир. Најважно е што Пандев ќе игра против Косово.
Преземено од sportmedia.mk
Можеби ќе ве интересира: