Со скршен нос заврши велешанецот од синоќешната сообраќајка кај семафорите

Soobrakajka semafori
Soobrakajka semafori

Со полесни повреди мина 25-годишниот велешанец, кој синоќа, неколку минути пред полноќ имаше сообраќајна несреќа кај семафорите во Велес.

Zito akcija 640x289px

Момчето е згрижено на местото на несреќата од лекарите од Итната медицинска помош, кој небргу по несреќата пристигнала.

Agria

„Лице родено 1995 година синоќа околу 23:55 часот имаше сообраќајна несреќа и се здоби со повреди на глава. Од наша страна беше згрижено на местото на несреќата и транспортирано во Општа болница Велес за понатамошно иследување“, рече др. Васе Пановска Поп Стефанова, началник на Итна медицинска помош Велес.

Soobrakajka semafori

Откако бил примен во велешката болница, било констатирано дека повредите му се од полесен карактер.

„Момчето има скршаница на коски на носот и површни повреди на лице и глава“, рече др. Весна николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Во текот на вчерашниот ден во Велес се случија три сообраќајни несреќи, од кои, во две учествуваа моторџии. И покрај засилените полициски контроли на сообраќајот, речиси да нема ден, а да не се случи сообраќајна несреќа во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: