(ВИДЕО) Соседна Србија одбележува 20 години од падот на Слободан Милошевиќ

Srbija protesti 5 oktomvri protiv milosevic

Во соседна Србија денеска се одбележува дваесетгодишнината од падот на режимот на Слободан Милошевиќ и протестите на стотици илјади граѓани со кои се означи крајот на неговото владеење, проследено со војни, санкции, милионска инфлација и економско уништување на земјата, пренесуваат српските медиуми.

Zito akcija 640x289px

Оваа година поради коронавирусот, годишнината од демократските промени во Србија ќе биде далеку поскромен, а еден од најавените собири го закажаа новинарите и невладините организации во Ниш.

Agria

Немирите започнаа кога Милошевиќ одби да ги признае резултатите од изборите за претседател на СР Југославија. На изборите на 24 септември 2000 година, Милошевиќ загуби од кандидатот за ДОС и лидер на Демократската партија на Србија (ДСС) Воислав Коштуница.

Веќе претпладнето, полицијата употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите да влезат во Собранието, но безуспешно. Зградата на собранието беше демолирана и запалена, како и зградата на РТС.

Полицијата по некое време престана да се спротивставува на граѓаните и почна да откажува послушност на Милошевиќ, а за жал во немирите едно лице го загуби живото, додека 65 лица беа уапсени.

Воислав Коштуница, кој тогаш беше избран за претседател на СРЈ како кандидат на ДОС, се повлече од политиката, а премиерот Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година пред зградата на српската Влада.

Слободан Милошевиќ почина во 2006 година во затворот во Хаг, а неговата сопруга и поранешна претседателка на ЈУЛ, Мирјана Марковиќ почина на 14 април 2019 година во Русија.Тие се заедно се погребани во Пожаревац.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13592/so-skrshen-nos-zavrshi-veleshaneczot-od-sinokeshnata-soobrakajka-kaj-semaforite/