40-годишен таксист е човекот кој синоќа со удри 14-годишно девојче. Велешката полиција изврши увид на местото и излезе со детали за несреќата.
„На 04.10.2020 околу 22.15 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, такси возило „даеву тико“ со велешки регистарски броеви, управувано од Т.Л.(40), удрил во 14-годишен малолетник. Во незгодата, малолетничката се здобила се телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти Вероуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
14-годишно девојче синоќа беше повредено во сообраќајна несреќа, откако околу 22:15 часот таксист го удрил на главната улица, во близина на „Пабот“. Граѓани кои се нашле на местото на несреќата, го префрлиле детето во болница, каде што, за среќа, му се констатирани полесни повреди.
„Девојчето кое е донесено во болница синоќа и кое било удрено од автомобил има само површински повреди на лице“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.
Ова е трета сообраќајна несреќа која се случи вчера во Велес. И покрај засилените полициски контроли на сообраќајот, речиси да нема ден без сообраќајна несреќа во градот.
Можеби ќе ве интересира: