Дарко Велковски, Езџиан Алоски, Енис Барди, Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, Аријан Адеми, Бобан Николов и Висар Муслиу го пропуштаат првиот тренинг на националната фудбалска репрезентација пред историскиот дуел против Косово во четврток.
Сите овие се веќе пристигнати освен Енис Барди и се во базата на репрезентацијата но ги чекаат ковид тестовите за да се приклучат на тренинг и да му се стават на располагање на селекторот Ангеловски. Тој пак, во моментов го одработува првиот тренинг со оние репрезентативци кои се веќе пристигнати и кои се подготвени за работа.
На чело секако е капитенот Горан Пандев кој стори се за да и се стави на располагање на репрезентацијата и да биде тука за неговиот како што и самиот рече меч на репрезентативната кариера. Имаше многу дилеми околу Пандев, сите се разрешени и може Македонската репрезентација во мир да се подготвува за бараж полуфиналниот дуел со Косово. Истиот се игра в четврток со почеток од 20:45 минути.
Извор: sportmedia
Можеби ќе ве интересира: