(ВИДЕО) Велешанец останал без пари – МРТВ и банката му наплатиле долг од социјалната помош

paun blagojevic

Му стигнале пари од социјална помош, државата присилно му ги земала за неплатен долг за радиодифузна такса. 61-годишниот велешанец Паун Благојевиќ го пречекал вистиски шок утрово, кога во банка отишол да си ги извади парите. Тој дознал дека во петокот државата му исплатила социјална помош за три месеци, откако и тој и сопругата подолго време се без работа. Но, кога пробал да ги извади, видел дека присилно му се наплатени 3.600 денари долг кон МРТВ. Згора на се, банката му наплатила уште 2.400 денари за блокирање и одблокирање на сметката.

Zito akcija 640x289px

„Во банковниот извод пишува дека Македонската радиотелевизија присилно ми наплатила за две неплатени сметки за радиодифузна такса. За двете сметки, банката ми наплаќа два пати за блокирање и два пати за одблокирање, вкупно 2400 денари. Наместо да подигнам социјална помош од 19.500 денари за три месеци, сега на сметката имам само 9.500 денари“, рече Благоевиќ.

Agria

Тој вели дека имал долгови дадени на извршување, но се чуди зошто му се запрени од социјалната помош,кога веќе три години постои договор тоа да не се прави. Се чуди како ќе го преживее месецот, оти ова му се едиснтвените пари за егзистенција.

„Шокиран сум. Овие пари се за преживување со сопругата. Толку се радувавме на овие пари, не знам како ќе не биде. Каде е грешката, дали кај банката, дали кај извршител, навистина не знам. Сите знаат дека законот го забранува тоа, од социјална помош не смеат да чепкаат. Јас го признавам долгот, но да ми го запираат од парите од социјалната помош, гревота е“, раскажува Благојевиќ.

Велешанецот вели дека утрово побарал одговори од институциите, но сите кревале раменици. Во разговор со неколку извршители со кои контактиравме, сите се децидни, дека од пари од социјална помош не смее присилно да се наплатуваат долгови. На тоа преку потпишан меморандум уште пред три години се согласија Владата и извршителите.

„Во изминатите години не само што имавме блокирање, туку и за одблокирање на сметките граѓаните имаа обврска да плаќаат. Сега тоа го надминуваме и граѓаните се ослободени од трошоци, но ќе се надминат проблемите со кои што се соочуваат и извршителите, а и МТСП се ослободува од товарот со одредени пари кои од буџетот беа наменети за граѓаните, да бидат потрошени за банкарски или други административни трошоци“, рече тогашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска на 27.12.2017 година, при потпишувањето на Меморандумот со комората на извршители.

Од УЈП, преку која се наплаќаше радиодифузната такса, велат дека нивните служби во петокот ја одблокирале сметката на Благојевиќ, откако тој поднел доказ дека е примател на социјална помош.

а  даночниот обврзник  е извршена блокада по основ на решенија за присилна наплата од парични средства по основ на РДТ  од 2015 и 2016 година, период кога УЈП ја администрираше РДТ и кога кај овој даночен обврзник не биле исполнети  законски услови за изземање од извршување.

„По достава на барање за деблокада и Потврда од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Велес од страна на даночниот обврзник, УЈП изготви и ги испрати решенијата до банката, со цел да се изврши деблокада“, одговорија од УЈП.

Зошто потоа банката дозволила присилна наплата, Благојевиќ не добил одговор. Во меѓувреме, додека случајот не се реши, тој ќе размислува како да ги распредели парите кои му останале на сметката.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/813267009476652/

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: