Реклама

Браќата Кантурови од Велес кои пукаа во полицаец се изјаснија за невини!

Во велешкиот суд почна судењето на тројцата браќа Кантурови, обвинети за обид за убиство на полицаецот Ердинч Мемедалиев, кој се случи на 2 февруари годинава, на гробиштата на црквата „Свети Спас“ во Велес.

Zito akcija 640x289px

Во своја одбрана, браќата Џохан (32), Орхан (33) и Мустафа (29) се изјаснија за невини, а нивната одбрана тврдеше дека обвинетите ниту имале намера, ниту пак се виновни за делото за кое се товарат.

Agria

Полицаецот Ердинч Мемедалиев, во својство на сведок, до детали го опиша настанот, кога еден од обвинетите му вперил пиштол. Тој беше застрелан три пати во стомакот и еднаш во коленото. Раскажа дека со колошка биле на гробиштата облечени во цивилна облека, бидејќи имало поплаки од посетители на гробните места дека биле дрско ограбувани. Тогаш ги пресретнале браќата Кантурови, во чија придружба бил и малолетник, кои ги нападнале.

„Џохан ме праша, зошто го следам. Му реков дека не треба да има проблеми и му сугерирав да продолжат таму каде што тргнале. Тогаш Мустафа ме фати за јакната, а Џохан и Орхан за рацете. Тогаш Џохан од зад мене, го извади мојот службен пиштол од појасот. Тогаш колешката ги прашаше што работат, а малолетникот ја удри со нога во стомак и ја фати за раце. Џохан го репетираше пиштолот, јас се обидов ја смирам ситуацијата, но тој пукна во мене неколку истрели. Се борев со Орхан и Мустафа и така паднавме на еден гроб, го држев Мустафа врз мене, за да не може Џохан, кој беше над нас на еден метар, да пука. Мустафа побегна, а јас останав сам со пиштол вперен во мене. Џохан ме праша ‘каде ќе одиш сега’ и почна да пука, па почувствував болки во стомакот. Голема среќа е што не ми погоди друг дел од телото. Собрав сили да му свикам, а тој се повлече. Облеан во крв, јас побегнав, по што беше истрелан уште еден куршум. Трчав и налетав на таксист од чиј мобилни се јавив во полиција, а тој ме однесе во болница“, раскажа Мемедалиев.

Адвокатите на обвинетите го прашаа полицаецот дали некој од браќата претходно бил нападнат и удрен од нив, на што Мемедалиев одговори негативно. Полицаецот рече дека смеел да има наполнет пиштол и дека тој не бил закочен, бидејќи тој тип пиштоли, немале кочница.

Колешката на Мемедалиев го потврди сведочењето на нејзиниот колега. Таа рече дека не можела да го употреби пиштолот, оти била држена за раце. На следното рочиште ќе се сослушуваат други сведоци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13640/video-veleshanecz-ostanal-bez-pari-mrtv-i-bankata-mu-naplatile-dolg-od-soczijalnata-pomosh/