Реклама

Реконструкција на штипската филтер станица

Штип и Свети Николе утре ќе бидат без вода. Во Свети Николе ќе се санира дефект на цевководот од „Злетовица“, во Штип ќе се поставува мерач на протокот на вода на главниот цевковод кон градот. Тоа е дел од активностите околу реконструкцијата на филтер станицата, чиј почеток доцнеше поради пандемијата. Фирмата што го доби тендерот веќе почнала со реконструкција на дел од базените, а со планот е предидено до постоечката штипска филтер станица да се изгради уште еден објект и уште  шест комори за филтрирање.

Zito akcija 640x289px

За да може да ги прифаќа водите од „Злетовица“, Штип еднаш веќе  ја реконстриураше филтер станицата. Тоа штипјани ги задолжи со кредит од половина милион евра, но пробното пуштање покажа дека се потребни дополнителни инвестиции. И во Карбинци интензивно се гради пречистителна станица за вода за пиење. Но освен што ќе продава вода за да стане рентабилна „Злетовица“ ќе мора да ги реализира и останатите две фази од проектот- наводнување на околку 4000 хектари и изградба на мини централи.

Agria

„Во најбрзо можно време ќе се организира мултисекторски состанок со сите владини министерства за да се утврдат наредните чекори околу преговорите со Европската инвестициска банка. Пандемијата и изборите го закочија процесот околу кредитот што треба да биде во висина од околу 40 милиони евра“, вели Миле Илиевски, директор на ХС Злетовица.

Првата фаза на Злетовица се реализираше со кредит од јапонска „Џајка“.Изградбата на браната Кнежево и цевководите до општините чинеше 100 милиони евра. Кредитот до 2028 го плаќа државата, по тоа од овој хидросистем ќе враќаат пари во буџетот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13689/od-ponedelnik-vlez-na-drzhavjani-od-srbija-kosovo-czrna-gora-i-bih-bez-pczr-test/