Осум пациенти починаа од коронавирус во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од нив, тројца се од Гостивар на возраст од 65, 68 и 82 години, двајца од Скопје на 68 и 75-годишна возраст и по еден пациент од Кочани (69 години), Струга (78 години) и Струмица (64 години).
Висока бројка на заразени од коронавирус е регистрирана и денеска. Од направени 1841 тестирања, регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19.
Повеќе од половината од нив доаѓаат од Скопје 120, а потоа следуваат Тетово со 17 заразени, Прилеп со 15, Струмица со 13 и Куманово со 10. Во останатите градови е регистриран едноцифрен број на новоинфицирани. Во Штип осум, Битола седум, во Струга и Кочани по шест, во Охрид четири, во Гевгелија, Берово и Свети Николе по три, во Крива Паланка, Пробиштип и Кичево по два и во Гостивар, Делчево, Виница и Неготино по еден.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 159 оздравени пациенти. Во Велес во последните 24 часа нема ниту заразени, ниту оздравени, ниту починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.
Можеби ќе ве интересира: