Реклама

Негувателка и воспитувачка од градинка позитивни на Ковид 19

Негувателка и воспитувачка од две детски градинки во Штип се позитивни на корона вирус. Во изолација се две групи од по 12 деца и уште две нивни колешки. Едниот случај е во централниот објект на градинката „Астибо“. Воспитувачка се тестирала откако нејзиниот сопруг покажал симптоми на корона вирус. Резултатите од тестот стигнале синоќа, по што во изолација од страна на епидемиолозите се ставени нејзината колешка негувателка и 12 деца од групата.

Zito akcija 640x289px

„Вработената нема симптоми. Нема потреба од страв, сите работат според протоколите со маски и нема контакт со останатите групи и затоа ова не повлекува и други вработени или деца да се стават во изолација“, вели Билјана Трајчевска, директор на градинка Астибо.

Agria

Вториот случај е регистриран во објектот „Росица“ во штипско Ново село. Негувателката што работела со група на деца од три до четири години е тестирана вчера, а резултатите се добиени утринава. Негувателката веќе развила симптоми, но од саботата е дома откако било потврдено дека  нејзиниот сопруг бил позитивен на вирусот.

„Децата и воспитувачката од утре ќе бидат во изолација. По налог на епидемиолозите тие нема да посетуваат градинка, а објектот во моментот се дезинфицира“, вели Софка Атанасова, директор на градинка Вера Циривири Трена.

Пред една недела и дете што посетувало градинка во Свети Николе беше позитивно на Ковид 19. Претходно во оваа градинка има регистриран три случаи на корона вирус кај вработените, две негувателки и адмнистративен работник, а еден е во изолација.  Досега коронавирусот беше утврден кај вработени во градинки во Тетово,Скопје, Виница, Чешиново Облешево и кај деца кои посетувале градинка во Струмица и Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13705/povtorno-ogromna-brojka-zarazeni-i-pochinati-vo-eden-den/