Берлин воведува нови рестрикции со цел да се намали растот на заболени од ковид-19. Со мерките ќе има нови ограничувања за работата на угостителите и локалните продавници, а ќе се органичат и граѓанските собири.
Со новите мерки се намалува работното време на рестораните, баровите и продавниците и тие не смеат да работат од 23 до 06 часот наутро.
Планирани се исклучоци од овие мерки само за бензински пумпи, но тие нема да можат да продаваат алкохол после 23 часот.
Ограничувања има и за групирањето на граѓани. На приватен собир не смее да има повеќе од 5 лица од различни домаќинства. Забранети ќе бидат и собири по паркови во текот на ноќта.
Ограничувањата стапуваат на сила на 10 октомври и ќе траат до 31 октомври.
За нови рестрикции беше одлучено откако Сенатот во два наврата се состана со цел да се најде решение за спречување на ширење на вирусот. Црвен аларм е бројот на новозаболени лица и вредноста на инциденцата што го покажува бројот на заболени на 100 000 жители во рок од една недела.
Во градот четири области се класифицирани како региони со висок ризик, што значи дека тие надминаа 50 нови случаи на 100 000 жители, седум дена по ред.
Од германските жители кои се враќаат од ризичните области се бара да се самоизолираат 14 дена или да направат тест и да докажат дека се здрави по пократок период на самоизолација.
Како одговор на ситуацијата во Берлин, северните држави Шлезвиг-Холштајн и Долна Саксонија воведоа задолжителен карантин или тестови за домашните патници кои доаѓаат од главниот град.
Преземено од 360stepeni.mk
Можеби ќе ве интересира: