Еден велешанец позитивен на ковид-19 и еден жител на Свети Николе, сомнителен на вирусот, се примени на инфективното одделение во велешката болница во последните 24 часа. Тие се дел од 25-те хоспитализирани пациенти, од кои, кај 24 е потврден вирусот, а еден се води како сомнителен. Пет пациенти имаат потешка форма на болеста и добиваат кислородна поддршка.
Во истиот период, со два негативни теста, од болница се испишани двајца пациенти, еден од Велес и еден од Кавадарци. Вчера во Велес не беа регистрирани ниту позитивни, ниту оздравени пациенти.
Завчера, 66-годишна пациентка од село близу Велес е итно транспортирана во Ковид центарот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, откако и се влошило здравјето и во тешка општа состојба е пренесена во Скопје.
Од почетокот на пандемијата во Велес се регистрирани вкупно 341 заразен со коронавирус. 293 се излечени, а 16 пациенти ја загубија битката со коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: