Реклама

И младите фудбалски надежи на терен, неопходна победа на гостувањето во Казахстан

Makedonija U 21

Денес и младата селекција на Македонија игра квалификациски натпревар за ЕП 2021. Составот до 21 година гостува во Алмати, против репрезентацијата на Казахстан.

Zito akcija 640x289px

Ова е директен дуел за втората позиција, бидејќи и двете репрезентации имаат освоени по 10 бодови, но составот на Казахстан е со еден одигран натпревар повеќе. За нашиот тим и селекторот Благоја Милевски ова ќе биде тешко гостување, но и шанса за евентуален пласман на ЕП што би требало да се одигра во 2021 година. Втората позиција води во една група, каде од сите 9 групи, првите 5 најдобро пласирани обезбедуваат пласман, односно вторите најдобро рангирани места.

Agria

Натпреварот започнува во 13:00 часот, а на 13-ти октомври на домашен терен го пречекуваме Израел, во оваа репрезентативна недела.