Нов рекорд на заразени за еден ден, Велес е и во денешната статистика

testiranje Covid19 997x485
testiranje Covid19 997x485

Четворица новозаразени велешани се дел од рекордните 364 нови случаи на ковид-19 регистрирани во земјава во последните 24 часа. Во истиот период регистрирани се три починати, а вирусот го прележаа 106 пациенти.

Zito akcija 640x289px

Најмногу од заразените или половина од вкупниот бтој и денеска доаѓаат од Скопје, каде што се регистрирани 184 случаи. Двоцифрени бројки има и во Струмица, каде што се регистирани 21 нови случаи, во Тетово има 19, во Кочани и ма 17, во Куманово и Штип по 13, во Прилеп 12, во Радовиш и Свети Николе по 11, а во Битола 10 нови случаи на ковид-19.

Agria

Во останатите градови бројот на новозаразени е едноцифрен и тоа, во Струга шест, во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка по пет, во Велес, Охрид, Гостивар и Делчево по четири, во Берово, Валандово и Кичево по три, во Пробиштип и Виница по два и во Дебар, Македонски Брод и Неготино по еден нов случај.

Починаа по еден пациент од Охрид на 73-годишна возраст, од Гостивар на 62-годишна возраст и од Радовиш на 72-годишна возраст.

Досега во земјата се направени вкупно 201512 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: