Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде – ова се новите антикорона мерки кои Комисијата за заразни болести ги предложи до Владата, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, како резултат на зголемената бројка на ново заразени.
Засега, како што кажа, не се размислува за воведување на полициски час,иако и таа опција останува отворена.
Ова се новите предложени мерки кои Комисијата за заразни болести ги предложи до Владата:
– забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови. Групирањето во домовите, слави, други собири во групи во едно живеалиште може да бидат најмногу четири лица од една сита фамилија, и плус најмногу четворица други од надвор.
– се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.
– се воведува задолжително носење на заштитни маски или друга заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, во јавен и приватен транспорт. Исклучок од ова се при спортување, при транспорт во приватно возило ако сите во него се членови на една фамилија, при престој во службени канцеларии ако лицето е само во канцеларија, при седење во кафуле со почитување на мерките. Исклучок за носењње маски имаат и децата до 6 години.
Можеби ќе ве интересира: