
Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје ја победи селецијата на Косово со 2:1, и се пласираше во финалето од плеј-офот од Лигата на нациите, и ќе се бори за пласман на Европското првенство 2021 година.
Сите три гола беа постигнати во првото полувреме. Резултатот го отвори Колољи со автогол по ударот на Стефан Ристовски во 13. минута. Грешката на нашиот голман Димитријевски за момент не шокира, но радоста на косовската репрезентација кратко траеше бидејќи по еден центаршут на Енис Барди од левата страна, Дарко Велковски со глава го совлада противничкиот голман.
Клучниот меч се игра на 12 ноември во Тбилиси против Грузија, која претходно во второто полуфинале ја совлада Белорусија со резултат 1:0.
Можеби ќе ве интересира: