Реклама

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА БИХ ЗАМИНАЛ ОД ИТАЛИЈА ВО САРАЕВО, А НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

Фудбалерот на италијански СПАЛ Ервин Зукановиќ, ја напуштил Италија за време на пандемија на коронавирус. Тој се вратил во родното Сараево, град во кој немало регистрирано случај на смртоносна вирусна инфекција.

Zito akcija 640x289px
ervin-zukanovic-2

Жителите на Сараево беа шокирани од фотографијата на Зукановиќ од стадионот Грбавица. Оние кои во последниве денови дојдоа во БиХ од Италија, мораа да заминат 14 дена во самоизолација, а репрезентацијата на БиХ тоа не го направил.

Agria

“Јас се пријавив кај моите надредени за напуштање на Италија, сè беше направено според законот. Не би го загрозил здравјето на семејството. Ми беше дадена дозвола да ја напуштам Италија. Не можам да направам тест во Сараево, бидејќи немам никакви симптоми”. рече Зукановиќ

Зукановиќ понатаму објасни дека ретко се движи низ градот и прави само индивидуални тренинзи. Во БиХ има повеќе од 30 заразени со коронавирус, а синоќа во Сараево беше воведена забрана за угостителски објекти за да се спречи ширењето на инфекцијата.