СВР Велес изрече 93 казни за неносење маска

policija maski

Полицијата вчера казни 65 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 19 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.

„Во период 08./09.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита  казнети сe 93 лица, и тоа, 65 во Велес, 19 во Кавадарци  и девет во Неготино.“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Agria

Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: