Бројката на новозарезени со коронавирус во земјава секојдневно урива рекорди. Во последните 24 часа се регистрирани се 386 нови случаи. Во Велес се регистрирани пет новозаразени.
Скопје е и денеска водечки град по бројот на нови случаи. Таму се регистрирани 178 новозаразени. Рекорден број новозаразени во еден ден има и во Струмица , вкупно 44, со што овој град станува ново жариште на вирусот. Следува Прилеп со 20 нови случаи, Куманово и Гевгелија со по 18, Тетово и Битола со по 13, Кочани со 10. Во останатите градови каде има едноцифрен број зџарзени, состојбата е следна: Струга 9, Штип 8, Охрид, Крива Паланка и Берово по 7, Велес 5, Гостивар, Радовиш и Кичево по 4, Кавадарци, Валандово и Свети Николе по 3, Виница и Неготино по 2 и Дебар, Пробиштип, Македонски Брод и Делчево по еден.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти, починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373.
Можеби ќе ве интересира: