12 велешани се меѓу новооткриените 393 случаи во целата земја во последните 24 часа. Денешната бројка на територијата на цела држава е нов рекорд од почетокот на пандемијата, а бројката на заразени велешани е втора најголема од март досега.
Во последното деноноќие во болнички услови починаа четворица пациенти, од Скопје на 83-годишна возраст, од Куманово на 62-годишна возраст, од Кичево на 80-годишна возраст и од Радовиш на 54-годишна возраст.
Во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а најмогу регистрирани случаи и денеска има во Скопје, вкупно 189. Во Тетово се откриени нови 27 заразени, во Прилеп има 19 случаи, во Гевгелија и Струмица по 15, во Куманово 14, во Штип и Кочани по 13, во Велес 12, во Радовиш 10. Во останатите градови има едноцифрен број заразени и тоа во Битола девет, во Кавадарци осум, во Струга седум, по чест има во Гостивар и Кичево, во Охрид пет, во Крива Паланка четири, во Пробиштип, Берово и Делчево по три, во Дебар 2, Македонски Брод, Пехчево и Свети Николе по два и во Крушево, Валандово, Кратово и Ресен по еден новооткриен случај на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од кои еден е велешанец.
Досега во земјата се направени вкупно 206243 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20555, бројката на оздравени пациенти е 16099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3671.
Можеби ќе ве интересира: