Во Словенија, во последните 24 часа по спроведување на 2 956 тестови, досега се потврдени рекордни 411 случаи на и коронавирус, соопшти денеска словенечката влада.
Во Словенија моментално има над 3 000 активни случаи на заразени со коронавирус, 149 пациенти се наоѓаат во болници, од кои 21 се на интензивна нега, а 167 лица починале како резултат на болеста, покажуваат најновите достапни податоци на Министерството за здравство.
Поради загрижувачката епидемиолошка состојба, словенечката влада неделава воведе забрана за собирање на повеќе од десет лица на јавни и приватни простории и ограничена работа и пропишани услови за ресторани и угостителски објекти.
Владата не ја исклучува можноста наскоро, ако ситуацијата не се подобри и параметрите на епидемијата не почнат да паѓаат, може повторно да ги заостри постојните или да воведе нови мерки.
Можеби ќе ве интересира: