Тројца членови од македонската А репрезентација, еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба, денеска добија “претпоставени позитивни резултати” (означен назив на тестовите) на последното тестирање за присуство на вирусот Ковид-19, извршено по пристигнувањето на нашата репрезентација во Талин за натпреварот меѓу Естонија и Македонија од Лига на нации.
Најверојатно голманот Столе Димитриевски е фудбалерот кој наводно со „претпоставен позитивен резултат“ на коронавирусот и сместен е во изолација во хотелот во Талин.
Димитриевски требаше да биде стартер на мечот против Естонците, но сега планот на Ангеловски се менува и на голот би требало да застане Дамјан Шишковски.
Можеби ќе ве интересира: