Реклама

Одново високи бројки на заразени од коронавирус, во Велес девет нови позитивни случаи

veles

Бројката на нови позитивни случаи од коронавирус веќе константно е висока. Денес Министерството за здравство регистрира 383 нови случаи на ковид-19, од кои девет се во Велес.

Zito akcija 640x289px

Најмногу има во Скопје, дури 201, додека со двоцифрена бројка се Штип со 21, Прилеп и Струмица со по 20, Битола 12, и Куманово со 11 нови позитивни случаи.

Agria

Состојбата по градови изгледа вака:

Скопје 201- Куманово 11- Штип 21- Прилеп 20- Тетово 8- Струга 5- Велес 9- Битола 12- Охрид 4- Кавадарци 7- Гостивар 6- Гевгелија 8- Струмица 20- Крива Паланка 6- Радовиш 7- Кочани 7- Пробиштип 3- Берово 5- Валандово 4- Виница 1- Делчево 4- Свети Николе 5- Кичево 4- Ресен 2- Неготино 3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти, во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20937, бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3951.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13891/reprezentativecz-na-makedonija-so-pretpostaven-pozitiven-rezultat-vo-talin/