Во целост е исполнет капацитетот на инфективното одделение на велешката болница. Во моментов таму се хоспитализирани 35 пазиенти, од кои 34 се потврдени дека се позитивни на коронавирус, а еден се води како сомнителен случај.
Десет пациенти во моментов се со потешка форма на ковид-19 и добиваат кислородна поддршка, соопштија од Општа болница Велес.
Најавената изградба на монтажен ковид центар во кругот на велешката болница се уште не почнала. Според информациите кои ги пренесе градоначалникот на Велес Аце Коцевски на неговата последна прес конференција, за изградбата на овој центар не се обезбедени доволно пари, а причина за тоа биле некакви забелешки кои ги имала техничката влада.
Во Велес во моментов има вкупно 59 активни случаи, а само во последните седум дена во овој град се регистрирани нови 42 случаи на коронавирус. Од почетокот на пандемијата до денес, во овој град се регистрирани 381 заразен со коронавирус, од кои 306 се излекувани, а 16 пациенти починаа.
Можеби ќе ве интересира: