Во последните 24 часа во Словенија, евидентирани се 398 нови случаи на коронавирус, а четири лица починаа, објави Словенечката влада.
Се размислува за порадикални мерки во борбата против коронавирусот. Така, кризниот штаб предлага пакет мерки кои предвидува карантин на одредени општини, со оглед на бројот на заразени, забрана за посета на болници и здравствени установи, затворање на барови, фитнес центри и спортски објекти за аматери и групни спортови, правило дека може да има само еден присутен во фризерскиот салон, откажување настани, верски церемонии и свадби во одредени региони и затворање на непотребни здравствени и стоматолошки активности.
Не е потребно владата да ги прифати сите мерки. Можно е таа да прифати само некои од нив.
Можеби ќе ве интересира: