Намален бројот на пациенти, зголемен бројот на легла на „Заразно“ во Велес

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles 997x485

Намален е бројот на пациенти со коронавирус, хоспитализирани на инфективното одделение во велешката болница. Денес таму се лекуваат 26 пациенти или девет помалку од вчера. Од нив, 24 се потврдени позитивни на ковид-19, а двајца се сомнителни. Во исто време, девет пациенти се во потешка состојба и добиваат кислородна поддршка.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница потврдуваат дека во последните 24 часа девет пациенти се испишани од одделение и се водат како оздравени. Оттаму информираат дека во меѓувреме го зголемиле и капацитетот на инфективното одделение, кој од 35, сега изнесува 46 легла.

Agria

Попладнево, 41-годишен велешанец од ова одделение итно е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Нему утрово му се влошила состојбата, откако имал пад на сатурацијата. Претходно, тој една недела бил хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: