Реклама

Македонија одигра нерешено против Грузија во Лига на нации

Makedonija pobedi Kosovo

Македонската А репрезентација одигра 1:1 против Грузија во натпревар од 4. коло од Ц цегментот во Лига на нации. Нашата најдобра селекција со освоениот бод на Националната арена „Тодор Проески“ останува на првото место на табелата со ист број бодови, шест, како и Грузија, Ерменија има бод помалку по денешното реми во Талин против Естонија.

Zito akcija 640x289px

Езѓан Алиоски со гол од пенал во судиското надополнување ја спаси од пораз нашата репрезентација, а погодокот добива на вредност со оглед на тоа дека од 67. минута игравме со фудбалер помалку, откако Столе Димитриевски беше исклучен од игра со рака надвор од својот шеснаесетник. 

Agria

Грузијците ја искористија бројчаната предност и преку Кварашкелија дојдоа до предност во 75. минута.

Македонија следниот предизвик ќе го има во Грузија во борбата за ЕП на стартот на ноември, а потоа следат две средби од новата сезона во Лигата на нациите, против Естонија (дома) и Ерменија.