Пациент позитивен на коронавирус денеска е хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница, со што бројот на пациенти кои се лекуваат од ковид-19 се зголеми на 35. Од нив 20 се од Велес, осум од Свети Николе, четворица до Градско, двајца пациент има од Кавадарци и еден е од Неготино.
На 33 пациенти тестовите за коронавирус им се позитивни, а двајца се уште се водат како сомнителни случаи. На 13 се зголеми и бројот на пациенти со потешки симптоми, откако уште еден пациент денеска добива кислородна поддршка.
Во Велес денеска се регистрирани нови шест заразени со коронавирус, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата досега се искачи на 431, од кои во моментов активни се 98 случаи, 316 се опоравија и 17 пациенти починаа.
Можеби ќе ве интересира: