Ракометарите на Борец успеаја да забележат втора победа сезонава. Совладана беше екипата на Ринија со резултат 40 : 34.
Победникот беше познат уште после првите 30 минути. Борец направи предност од седум погодоци и водеше со 23:16 така што тогаш веќе имаше сигурно водство.
Во вториот дел дојде до опуштање, но предноста беше преголема за да може да има надежи за пресврт од Риниа М, па велешани дојдоа до трите поени.
Најдобри стрелци кај велешани беа Мачавелов со 11, Миленков и Андоновски со по девет голови, додека кај Ринија се истакнаа Исмаили со 13, Весов со 11 и Емини со 10 гола.
Со ова Борец останува во игра за место во плеј-офот, но ќе мора во последните две кола да се одработи добро Преспа и Драчево.
Можеби ќе ве интересира: