Реклама

(ВИДЕО) МВР: Бидете претпазливи во комуникацијата со непознати

Policiski cas 997x485

МВР во текот на вчерашниот ден испрати апел до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица бидејќи постојат измамници кои преку телефон лажно нудат услуги и потоа изнудуваат пари, главно од повозрасни лица, со измислени приказни за наводни сообраќајки на нивни блиски.

Zito akcija 640x289px

„Начинот на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор“, информираат од МВР.

Agria

Измамниците ги наведуваат оштетените за кусо време да ги обезбедат бараните парични средства, кои ќе бидат преземени од сторителите. Од оперативни сознанија на МВР, измамниците на ист начин функционираат и во Бугарија и другите соседни земји.

Од полицијата апелираат до сите граѓани доколку се сомневаат во било каква измама, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 192.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14273/ischezna-15-godishno-devojche-od-veleshkoto-selo-slivnik/