15 велешани се позитивни на коронавирусот во последните 24 часа. Ова е меѓу поголемите бројки на заразени жители на Велес од почетокот на пандемијата.
Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени нови 408 случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 227 случаи во Скопје, 34 во Тетово, 23 во Охрид, 18 во Струмица, по 15 во Штип и Велес, 12 во Куманово, десет во Битола, седум во Радовиш, по шест во Крива Паланка и Кичево, пет во Струга, по четири во Прилеп, Кавадарци, Кочани и Демир Хисар, три во Свети Николе, по два од Гостивар, Пехчево, Берово и Неготино и по еден случај е регистриран во Виница, Делчево и Ресен.
Институтот за јавно здравје регистрирал 280 оздравени пациенти, починале четири лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 64 и 77 години, еден пациент од Ресен на 59 години и еден пациент од Битола на 76 години. Од нив, еден пациент е починат вон болнички услови, додека останатите починале во болница.
Во велешката болница денеска почина 62-годишна жена, чија смрт ќе биде евидентирана во утрешниот извештај на Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674.
Можеби ќе ве интересира: