Утрово беше објавено дека во последните 24 часа биле потврдени 1323 новозаболени лица во Словенија. Ова е рекорден број на нови случаи во Словенија.
Воведувањето полициски час во главниот град беше прилично мирно, а властите рекоа дека шетањето куче е оправдана причина за прекин на полицискиот час, но не и ако полицијата ве фати на друг дел од градот.
Но, ситуацијата беше поинаква во Марибор, каде на главниот плоштад се собраа околу стотина демонстранти. Демонстрантите, меѓу другото, извикуваа дека полицискиот час не е уставен.
Неколкумина демонстранти пристигналe без заштитна маска, за што наводно добиле парична казна од здравствен инспектор. Еден од учесниците, наводно, бил казнет со 1.200 евра.
Демонстрантите се разотишле по некое време, а новиот протест во Марибор е закажан за вечерва во 21 часот.
Можеби ќе ве интересира: