Реклама

Во велешката болница синоќа почина 65-годишен пациент од ковид-19

Нов смртен случај како последица од ковид-19 е регистриран во Велес. Маж на 65-годишна возраст од Градско синоќа почина на инфективното одделение во велешката болница. Тој бил хоспитализиран истиот ден, во тешка здравствена состојба.

Zito akcija 640x289px

Ова е „најцрната“ недела во Велес од почетокот на пандемијата. За неполни 24 часа на инфективното одделение во велешката болница починаа четворица пациенти од ковид-19. За десет дена, во велешката болница од коронавирус починаа шест пациенти, од кои четворица велешани, еден од Градско и еден ос Свети Николе.

Agria

Во моментов на одделенеието се сместени 33 пациетни, од кои тројца се сомнителни на коронавирус, а 30 се со потврден позитивен тест. Дури половина од нив, односно 15 се на кислородна поддршка.

Во Велес има 122 активни случаи на ковид-19. Од почетокот на епидемијата до сега во градот се регистрирани 458 заразени. Од нив 20 пациенти ја загубија битката со вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14374/vraboteni-vo-jkp-derven-doagale-na-rabota-iako-imale-simpomi-na-kovid-19/