Реклама

Одново двоцифрени бројки на новозаболени во Велес

Veles most

11 нови позитивни случаи се регистрирани во последните 24 часа во Велес, а има и два смртни случаи како последица на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Во Македонија се регистрирани се скоро исто како и вчера, 640 нови случаи на ковид-19. Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје 272-Куманово 43-Дебар 5-Штип 17-Прилеп 41-Тетово 41-Струга 4-Велес 11-Битола 10-Охрид 24-Кавадарци 41-Гостивар 12-Гевгелија 11-Струмица 24-Крива Паланка 2-Радовиш 9-Кочани 20-Пробиштип 3-Берово 2-Валандово 3-Виница 4-Делчево 3-Свети Николе 7-Кичево 17-Ресен 4-Неготино 10.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти, починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14420/dualnoto-obrazovanie-na-veleshkoto-uchilishte-kole-nedelkovski-atraktivno-i-za-ucheniczite-i-za-kompaniite/