Судот во Струмица го осуди Марјанчо Велев од село Добрејци на доживотен затвор за убиството што го сторил над Александар Мицев пред две години.
Велев громорозното убиство го извршил на 9 октомври во 2018 година при што од зад грб пукал со огнено оружје со два куршуми во главата на Мицев, чие тело беше пронајдено на 5 август лани.
Во образложението на пресудата стои дека е применет член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев.
Телото беше пронајдено лани во резервоар во водите на браната Турија, каде Велев ја фрлил и втората жртва Ристо Иљашев за што во февраури годинава беше осуден 20 години затвор.
Можеби ќе ве интересира: