Бројот на новозаразени никако да падне, многу нови случаи во Велес

testiranje Covid19 997x485
testiranje Covid19 997x485

Тринаесет велешани и вкупно 518 граѓани во земјава се откриени како позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Како последица на ковид-19 во истиот период починаа девет пациенти, а регистрирани се 200 оздравени. Новозаразените се откриени откако се направени 2367 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Најголем број новоинфицирани се регистрирани во Скопје каде што има 261 позитивни. По него следува Тетово со 30, Струмица со 23, Прилеп и Битола со по 21, Штип со 19, Охрид со 15, Куманово, Велес и Кичево со по 13, Кавадарци, Гевгелија и Кочани со по 11, Гостивар со 10, Свети Николе 8, Радовиш, Пробиштип и Ресен по 6, Струга 5, Крива Паланка 4, Валандово и Делчево по 3, Виница и Берово по 2 и Неготино 1 новозаразен.

Agria

Починати се четири пациенти од Скопје на 36, 60, 65 и 53-годишна возраст, еден пациент од Штип на 66-годишна возраст, еден од Радовиш на 72-годишна возраст, еден од Струмица на 71-годишна возраст, еден од Пробиштип на 75-годишна возраст и еден пациент од Македонска Каменица на 44-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од кои двајца се од Велес. Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: