Реклама

Македонија и САД потпишаа меморандум за 5Г технологии

Zaev i Krac potpisuvaat memorandum

Македонскиот премиер Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД Кеит Крач, вчера потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.

Zito akcija 640x289px

Со потпишувањето на овој документ Македонија се приклучи на низата европски држави кои имаат склучено вакви спогодби со Вашингтон со кои им се оневозожува на непроверени и небезбедни произведувачи да продаваат и инсталираат чувствителна комуникациска опрема која може да биде искористена за неовластено собирање податоци за граѓаните.

Agria

Имаме обврска да ги усогласиме домашнитеполитики за развој на телекомуниакциите со политките на ЕУ како и за усогласување на безбедносите аспекти на имплементацијата на 5Г мрежата со нашиот стратешки сојузник – САД. Овој меморандум е од витално значење за економски раст и за безбедноста. С. Македонија и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5Г пазарите.“, оцени македонскиот премиер Зоран Заев.

Премиерот Заев посочи дека РСМ и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5G-базите земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5G-мрежите од неовластен пристап на трети страни.

Потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач упати благодарност до Заев за, како што рече, неговата визија, лидерство и пријателство. Тој нагласи дека мрежите ќе бидат од витално значење за економски просперитет и стабилност во регионот. Посочи дека неговата мисија е да донесе што е можно повеќе приватни инвестиции во РСМ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14488/brojot-na-novozarazeni-nikako-da-padne-mnogu-novi-sluchai-vo-veles/