На почетокот на следната недела ќе се отворат нови термини за тестирања на ковид-19, со оглед на тоа дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Лабораториите се оптоварени, иако се работи во три смени, така што сега се бараат решенија за отворање нови термини, објави синоќа Венко Филипче, откако јавноста реагираше дека тешко се доаѓа до термин за тестирање за ковид-19 во јавното здравство.
„Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата“, информира министерот за здравство Венко Филипче.
До овој момент од почетокот на епидемијата во земјава се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2528842224089462Можеби ќе ве интересира: