Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.
Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија, a времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
Можеби ќе ве интересира: