Реклама

Црн ковид биланс: 14 луѓе починаа за едно деноноќие

Covid Macedonia 1

Шестмина велешани се во билтенот на новозаболени од вкупно 404 што ги регистрираше Министерството за здравство во последните 24 часа. Со овие нови шест случаи бројот на активни случаи во Велес е 136.

Zito akcija 640x289px

Одново најмногу има во Скопје , дури 172 нови позитивни случаи на коронавирус. Тетово 41, Струмица 29, Прилеп 25, Гостивар 20, Кочани 18, Куманово 15, Охрид 11, Неготино, и Гевгелија девет, Штип осум, Берово и Велес шест, Кавадарци пет,по четири има во Дебар, Струга, Битола и Делчево, три во Пробиштип и Кичево, а по два позитивни случаи на ковид-19 има во Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, и Виница.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти, починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14543/so-pobedata-nad-prespa-borecz-ostana-vo-trka-za-plej-of/