Реклама

Државниот инспекторат за животна средина да утврди дали „Пајпер Мил“ ги исполнува условите од А-интегрираната дозвола

Pejper mil Kocani

Ги почитува ли кочанската фабрика за хартија условите пропишани во еколошката А-интегрирана дозвола? Општина Кочани со нов допис до Државниот инспекторат за животна средина бара инспекторите да го утврдат тоа. Од општината сметаат дека фабриката користи пелети, а не метан за загревање на котелот со што дополнително се загадува воздухот, а нема ниту пречистителна станица за отпадните води.

Zito akcija 640x289px

Пречистителна станица за отпадните води „Пајпер мил“имала обврска да изгради најдоцна до 2019-та. Тоа вели градоначалникот Илијев не е направено, а некој не си ја сработил работата. Прстот го вперува во Државниот инспекторат за животна средина.

Agria

Владата пред неколку дена назначи нов директор на Државниот инспекторат за животна средина. Во телефонска изјава за ТВ 24 Ана Петровска рече дека штом и официјално стапи на функцијата разрешувањето на случајот со „Пајпер мил“ ќе биде еден од приоритетите.

„Едно е на хартија друго е во реалноста, ние ќе направиме вонреден инспекциски надзор за да ги утврдиме фактите и ќе постапиме по претставката од Општина Кочани“, вели Ана Петровска, новата директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Од Министерството за животна средина некоку пати досега во своите јавни настапи тврдеа дека вршат редовни контроли во фабриката и на нивно барање се поставени нови филтри на фабричкиот оџак. Сепак граѓаните и екологистите не беа задоволни од реализираното и досега организираа три протести со што побараа фабриката да ги почитува еколошките стандарди бидејќи  се уште е најголем загадувач на воздухот во Кочани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14547/czrn-kovid-bilans-14-luge-pochinaa-za-edno-denonokie/