Уште 15 слободни кревети има на инфективното одделение во велешката болница. Денеска таму се лекуваат 39 пациенти, од кои 29 се со потврден позитивен тест на кортонавирус, додека 10 се водат како сомнителни случаи. Дури 18 пациенти или две третини од потврдените случаи на ковид-19 имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка.
Поминаа два дена без смртен случај во велешката болница, откако во вторникот, средата и четвртокот починаа седуммина, како последница од ковид-19.
Денеска во Велес се регистрирани шест новозаразени, со што бројката на инфицирани од почетокот на епидемијата до денес изнесува 488. Оздравеа 330, а починаа 21 пациент. Во моментов активни се водат 131 случај.
Можеби ќе ве интересира: