Реклама

61-годишна велешанка почина попладнево на инфективно во велешката болница

Велешанка на 61-годишна возраст почина попладнево околу 17 часот на инфективното одделение во велешката болница, како последица од ковид-19. Во тешка здравствена состојба, таа била хоспитализирана во болницата пред една недела и заситеноста на крвта со кислород (сатурација) и била на ниско ниво.

Zito akcija 640x289px

„Пациентката е примена на инфективното одделение во велешката болница пред седум дена. Имала висока температура, но ниска сатурација, поради што цело време добивала кислородна поддршка“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Велешанката е 22 жртва на коронавирусот во Велес, а осма која почина оваа недела, најтешка за велешката болница од почетокот на пандемијата.

Коронавирусот во земјава секојдневно зема десетина жртви, но и ги преполнува болниците низ градовите во државата. Батали.нет дознава дека поради исполнетост на капацитетите, но и најавениот наплив на нови пациенти, ковид-центрите во Скопје се помалку примаат пациенти од други градови.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14558/dve-tretini-od-hospitaliziranite-pozitivni-paczienti-vo-veleshkata-bolnicza-se-na-kislorodna-poddrshka/