Реклама

Починатиот Амди Бајрам е позитивен на тестот за Ковид-19

Амди Бајрам бил позитивен нa коронавирусот, откако посмортно му беше земен тест, информира министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

„Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови. Со анкетата ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти. Согласно анкетата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ќе издаде решенија за изолација за лицата за кои таа ќе биде одредена“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Agria

Министертството изразува сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби, како и да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19.

Поранешниот пратеник Амди Бајрам, почина денеска претпладне на 64 години. Тој имал проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога.

Пред две недели, Бајрам изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбата. Но, минатата недела кажа дека решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема забрана за свадби, како што поради коронавирусот е забрането во земјава. За македонски државјани влезот во Турција е дозволен без ПЦР ковид тест.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14562/61-godishna-veleshanka-pochina-popladnevo-na-infektivno-vo-veleshkata-bolnicza/